Македонија Над 10.000 прекршоци за неносење маска во последните 20 дена (инфографик)

Над 10.000 прекршоци за неносење маска во последните 20 дена (инфографик)

Граѓани на Камениот мост во Скопје | Фото: Арбнора Мемети

Во последното деноноќие регистирани се 701 прекршок за неносење заштитна маска на лицето, што е најголем број на прекршоци во изминатите 20 дена. Од почетокот на месецов досега евидентирани се вкупно 10.039 прекршоци по овој основ.

Секојдневните бројки на новозаразени случаи со ковид-19 и натаму се троцифрени, а активни случаи има најмногу во Скопје. Полицијата и здравствените власти постојано апелираат да се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на корона вирусот.

„Мета.мк“ и претходно објави за бројот на направени прекршоци од страна на граѓаните во текот на летото, кога се регистрирани вкупно 43.928 прекршоци за неносење заштитна маска на лицето.