fbpx

Летово регистрирани 43.928 прекршоци за неносење маска, полицијата најстрога била во јуни (инфографик)

-

Полициските службеници изминатово лето регистрирале 43.928 прекршоци за неносење маска низ градовите во земјава. Во текот на летниот период, односно месеците јуни, јули и август, најмногу прекршоци за неносење маска (20.026) се регистрирани во месец јуни, а речиси двојно помалку се констатирани во текот на јули (11.054), покажуваат податоците на МВР.

Мерката за прекршоци беше донесена на 22 април годинава, при што согласно Уредбата на Владата на РСМ истата прекршочно, односно од аспект на санкционирање, стапи на сила на 1 мај. Во периодот од 22 април до 1 мај граѓаните практично беа само опоменувани за обврската за носење заштитни маски, додека пак од 1 мај наваму неносењето заштитни маски е прекршочно санкционирано согласно пропишаните казни во Уредбата на Владата на РСМ. Казната за неносење маска изнесува 20 евра.

„Мета.мк“ и претходно пишуваше за зголемениот број на прекршоци по овој основ, иако државата секојдневно се соочува со троцифрени бројки на новозаразени случаи. Во последното деноноќие од направени 1.772 тестирања, регистрирани се 145 нови случаи на ковид-19. Скопје и натаму е со најмногу активни случаи.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.600, а бројката на оздравени пациенти е 11.741. Починаа 606 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.253.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...