Главна секција Националното собрание на Франција го ратификуваше протоколот за НАТО

Националното собрание на Франција го ратификуваше протоколот за НАТО

Министерот за надворешни работи Никола Димитров информираше дека Националното собрание на Франција го ратификуваше протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

„Уште само еден чекор до целта што ја зацртавме во 1993 година – полноправно членство во Алијансата“, напиша Димитров на неговиот фејсбук-профил.

Остана уште Шпанија да го ратификува Протоколот за НАТО.