Главна секција На полноќ истекува рокот за формирање влада, ДУИ пак ќе заседава во...

На полноќ истекува рокот за формирање влада, ДУИ пак ќе заседава во 14 часот

На полноќ истекува рокот за мандатарот Никола Груевски да состави влада и дотогаш треба да го добие одговорот од првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, дали партијата ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.

Синоќа по завршувањето на средбата на членовите на ДУИ во седиштето во Мала Речица, Ахмети изјави дека нема одговор со кого ќе бидат во коалиција и ги анализираат сите опции за да ја донесат најдобрата одлука во корист на сите граѓани на Македонија.

Неофицијално, централното претседателство на ДУИ треба да се состане во 14 часот во седиштето на партијата во Мала Речица.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, претходно изјави дека важно е одлуката да биде правилна, а не навремена.

Овие два дена, додека истекува рокот за формирање влада, нема никакви информации од ВМРО-ДПМНЕ.