Свет Балкан Во Косово уапсени три лица во врска со нападот на Власи

Во Косово уапсени три лица во врска со нападот на Власи

Косовската полиција синоќа уапсила три лица во врска со ранувањето на косовскиот адвокат Азем Власи.

Пред тоа, полицијата во соработка со разузнавачката служба на Косово, уапсила две лица со иницијали М.Ј. и А.Л.

Власи е ранет вчера наутро, пред својот стан и се наоѓа надвор од животна опасност. Тој вчера изјави дека бил застрелан од атентатор.