Главна секција На Јанева ѝ е подобро, но не се знае дали ќе се...

На Јанева ѝ е подобро, но не се знае дали ќе се појави на седница

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска се чувствува подобро, но сè уште не знаеме дали ќе се појави на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, велат од СЈО за „Мета“.

Синоќа по дводневна расправа за вториот извештај за работата на СЈО и одговарање на пратенички прашања, на Јанева ѝ се слоши и таа ја напушти седницата.

– Навистина ми е жал што поради мојата здравствена состојба морав да ја напуштам седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и се извинувам на сите пратеници што денеска не сум во можност повеќе да присуствувам на седницата – рече специјалната јавна обвинителка Јанева.

Од СЈО вечерта соопштија дека побарале лекарска помош и дека здравствената состојба на обвинителката е под лекарски надзор.

За денеска, во 13 часот, е закажано продолжение на седницата на комисијата.