Македонија На градскиот плоштад во Прилеп почна новогодишната прослава

На градскиот плоштад во Прилеп почна новогодишната прослава

Со новогодишна програма за најмладите, почна новогодишниот дочек на градскиот плоштад во Прилеп.

Децата ги забавуваа „Јунаците од бајките“ од народниот театар „Војдан Чернодрински“ и музичката група „Нокаут“.

Вечерниот новогодишен дочек на плоштадот Методија Андонов Ченто е предвидено да почне во 22.30 часот, со настапот на групите „Белинда“ и „Шило“, а по предвидениот огномет на полноќ ќе настапат диџеите „Д мод“ (The Mode).

Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески на сите граѓани им ја честита Новата година со желби за здравје, среќа и за просперитет.