Македонија На Денот на жената во Собрание седница, на улиците марш

На Денот на жената во Собрание седница, на улиците марш

Собранието денес одржува седница посветена на родовата еднаквост и унапредување на женските права, како единствена точка на дневниот ред

Илустрација: Tiiiit Inc.

По повод 8 Март – Денот на жената, Собранието денес одржува седница посветена на родовата еднаквост и унапредување на женските права, како единствена точка на дневниот ред.

Попладнево, пак, во Скопје ќе се одржи марш за женските права. Невладината организација „Tiiiit! Inc.“ ги повика македонските жени на маршот под слоганот „Црвена линија: правата на жените не се за преговарање“, кој започнува во 17 часот, на плоштадот „Скендербег“, а завршува во паркот „Жена борец.