Свет Европа На австриската граница чекаат 400 мигранти по воведувањето на дневните квоти

На австриската граница чекаат 400 мигранти по воведувањето на дневните квоти

Првата група од околу 400 мигранти денеска пристигнала на главниот австриски граничен премин за баратели на азил Шпилфилд (Шентиљ), откако Виена вчера ги воведе новите дневни квоти за мигранти, соопштила портпаролката на австриската полиција, Меделин Хајнрих, јавуваат агенциите.

Владата во Виена, и покрај критиките на Европската комисија, оваа недела донесе одлука во земјата дневно да се примаат по 80 баратели на азил, а на дневна основа низ Австрија да можат да транзитираат максимум 3.200 мигранти.

За утре, според информациите, се очекува пристигнување на нова група од 400 мигранти на Шпилфилд.

Австрија оваа година примила околу 11.000 барања за азил, во споредба со минатогодишните 90.000. Австриските власти соопштија дека за оваа година ќе го ограничат бројот на баратели на азил на 37.500 лица.