Свет Европа На антивладин протест во Москва, уапсен опозиционерот Навални

На антивладин протест во Москва, уапсен опозиционерот Навални

Рускиот опозиционер Алексеј Навални е уапсен во Москва на антикорупциски протест кој тој го организирал.

Во повеќе градови низ Русија се одржуваат протести против корупција на владини службеници, а десетина демонстранти се уапсени откако опозицијата ги повика луѓето да излезат на улица во знак на протест поради корупцијата и да побараат оставка од премиерот Димитри Медведев.

Во фокусот на протестите се тврдењата што недамна ги изнесе Навални, дека Медведев поседува куќи, јахти и лозја.

Претходно Навални на својата веб-страница наведе дека повеќе од 80 градови низ Русија денеска ќе одржат протести и дека власта не ги одобрува собирите.

Кремљ во петокот соопшти дека плановите за одржување на протести во центарот на Москва претставуваат незаконска провокација.