Дигитални права На 31 август ќе се одржи вебинарот “Сајбер безбедност – Како да...

На 31 август ќе се одржи вебинарот “Сајбер безбедност – Како да се заштитиме во дигиталниот свет“

Фондацијата Метаморфозис на 31 август (среда), со почеток од 10 часот, ќе организира вебинар на тема “Сајбер безбедност – Како да се заштитиме во дигиталниот свет“. Вебинарот се организира во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталнaта агенда – ICEDA” ко-финансиран од Европската Унија.

„Вебинарот цели кон запознавање на граѓаните, граѓанските организации и бизнисите со разни видови на сајбер закани и давање на совети за како да се препознаат сајбер заканите и како да се заштитат од нив. Меѓу другото, вебинарот ќе се осврне на основите на сајбер безбедност, најчестите извори на сајбер закани и како да се справиме со нив, безбедни комуникации преку Интернет, заштита на лични податоци преку Интернет, социјални мрежи и потенцијални повреди на човековите права, како и надлежни институции за справување со сајбер безбедност“, информираат од Фондацијата Метаморфозис.

Вебинарот ќе биде на македонски јазик и ќе се одвива преку ZOOM платформата. Сите регистрирани корисници ќе добијат линк за влез на ZOOM, а оние кои ќе го проследат вебинарот ќе добијат и сертификати за учество на е-мејл адресите кои ги имаат оставено при регистрација.

Сите заинтересирани лица да го проследат вебинарот се поканети да ја пополнат регистрациската форма најдоцна до 28.08.2022: https://forms.gle/31ie14oi6BWcgiLL7.

Заради потребите на проектот, вебинарот ќе се снима и ќе биде објавен на YouTube каналот на Фондацијата Метаморфозис, по што ќе биде споделуван по социјалните медиуми како корисен ресурс на знаење за пошироката публика.