Македонија На 30 ноември нема да работат училиштата и администрацијата поради министерскиот состанок...

На 30 ноември нема да работат училиштата и администрацијата поради министерскиот состанок на ОБСЕ

Според владината одлука, 30 ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Овие заклучоци се однесуваат и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, а не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје

Фото: Архива на Мета.мк

Владата, во врска со 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје, на предлог на Министерството за надворешни работи, донело одлука работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29 ноември 2023 година (среда), да заврши во 12 часот.

Според владината одлука, 30 ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје.

Овие заклучоци се однесуваат и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, а не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје, коишто, како што велат од Владата, е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање. Од Владата не соопштуваат повеќе детали на темата.

Од Владата препорачуваат на општините во градот Скопје и на Град Скопје да ги спроведат заклучоците. Оваа препорака се однесува и на приватниот сектор на подрачјето на градот Скопје, посебно од подрачјето на Општината Карпош и на општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“.