Здравје МЗ: Регистрирани 766 нови позитивни случаи на ковид-19, починале 12 лица

МЗ: Регистрирани 766 нови позитивни случаи на ковид-19, починале 12 лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Во изминатото деноноќие регистрирани се нови 766 позитивни на ковид-19 од направени 3.748 тестови, што е околу 20 отсто од тестираните, објави Министерството за здравство.

Најголем дел од новите случаи (68%) се од Скопје – 521, потоа во Битола – 33, Куманово – 32, Струмица – 23, Кавадарци – 20, Прилеп – 19, Штип – 17, Охрид – 16, Струга и Гевгелија – по 9. Од вкупниот број на позитивни (766), регистрирани се 86 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 4 починати лица од Скопје (63г, 65г, 80г и 81г), 2 починати лица од Битола (80г и 82г) и по едно починато лице од Охрид (58г), Гевгелија (72г), Кавадарци (67г), Крива Паланка (74г), Кочани (48г) и Демир Хисар (82г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар и Дебар, починати во период од 03.01 – 11.01.2022г. Починатите се на возраст од 62 години до 75 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 486 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.710.444 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 245.398, бројот на оздравени пациенти е 220.886, на починати е 8.115, а бројот на активни случаи изнесува 16.397.