Македонија МВР: Идентификуван осомничениот за убиството во казино кај Млечниот ресторан

МВР: Идентификуван осомничениот за убиството во казино кај Млечниот ресторан

Џ.С. со пиштол пукал во Н.А.(46) од селото Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. подлегнал на повредите

Фото: Мета.мк

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека го идентификувало идентитетот на убиецот на маж во казиното кај Млечен ресторан во скопската населба Капиштец. Скопјанецот  Џ.С., на возраст од 44 години, доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, казниво по член 123 од Кривичниот законик.

Убиството се случило на 31 март 2023 година, околу 08 часот утрината во казино на булeварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Според информациите од соопштението на МВР, Џ.С. со пиштол пукал во Н.А.(46) од селото Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. подлегнал на повредите.

„Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, по преземени мерки и активности, како и врз основа на извршените вештачења, утврден е идентитетот на сторителот на кривичното дело, а обезбедено е и огненото оружје со кое Џ.С. го извршил кривичното дело“, стои во соопштението на МВР.

Убиен маж во казино кај Млечниот ресторан во Тафталиџе