Македонија МВР апелира за мирен и безбеден дочек на Нова година

МВР апелира за мирен и безбеден дочек на Нова година

Министерството за внатрешни работи, во пресрет на дочекот на Нова година, упати апел до граѓаните максимално да се воздржуваат од употреба на огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства, како и од нарушувања на јавниот ред и мир.

– На сите учесници во патниот сообраќај им порачуваме да бидат внимателни и дисциплинирани и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да поседуваат зимска опрема и особено да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол – апелираат од МВР.

Како што соопштуваат оттаму, полицијата, како и предходните години, на дочекот на новата година, ќе ги зајакне позорните и сообраќајните контроли, пред сè на местата каде што ќе се организира дочек за Нова година.

Од страна на СВР Скопје е подготвен план за обезбедување, според кој, со одреден број полициски службеници ќе биде покриено централното градско подрачје и централната прослава на плоштадот Пела кај „Порта Македонија“.

– За непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба сообраќајот ќе биде пренасочуван по улиците и тоа: од улиците 11 Октомври и Димитрије Чупоски, на потегот од крстосницата меѓу улицата 11 Октомври со булеварот Кочо Рацин до крстосницата од улиците Димитрије Чупоски и Даме Груев кај ТЦ „Палома бјанка“.