Македонија Мустафа: Во април ќе се одржи заедничка седница на косовската и на...

Мустафа: Во април ќе се одржи заедничка седница на косовската и на македонската влада

Косовскиот премиер Иса Мустафа, на денешната седница на владата во Приштина, соопштил дека следниот месец ќе се одржи заедничка седница на косовската и на македонската влада.

Мустафа најави дека средбата ќе се искористи за да покренат одредени иницијативи од двете страни, како и за да се постигнат договори за олеснување на економската соработка меѓу двете земји, но и за други билатерални соработки.