Македонија МТСП: Додатокот од 1.000 денари за енергетска помош ќе продолжи од октомври...

МТСП: Додатокот од 1.000 денари за енергетска помош ќе продолжи од октомври до март

Фото: МТСП

По одредени информации изнесени во јавноста за наводно кратење на додатокот од 1.000 денари за корисниците на Гарантирана Минимална помош (ГМП), Министерството за труд и социјална политика (МТСП), се огласи со демант на таквите шпекулации.

Министерството објаснува дека дека се работи за паричен додаток кој се исплаќаше на корисниците на ГМП во период на вонредна состојба во државата како своевидна субвенција за енергија.

„Додатокот од 1.000 денари, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси за корисниците на правото на Гарантирана минимална помош, чија исплата продолжи и во останатите месеци во време на вонредна состојба на државата, со одлуката на Собранието на Република Северна Македонија за прекинување на вонредната состојба и уредбите кошто ги донесе Владата престана да се исплаќа додатокот на примателите на ГМП. Истиот продолжува да се исплаќа во месеците кои се грејна сезона, како и претходно“, соопшти МТСП.

Тоа значи дека според Законот за социјална заштита, исплатата на овој паричен додаток ќе продолжи од октомври до март годинава, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството.