Свет Европа Можен терористички напад во Белгија на 15 јануари

Можен терористички напад во Белгија на 15 јануари

Белгиското федерално обвинителство предупреди дека нов терористички напад би можел да се случи на 15 јануари, една година по спречувањето на нападот во Вервје, на истокот од земјата.

– Постои ризик дека некој ќе се обиде да изврши напад во нашата земја на 15 јануари – изјави федералниот обвинител Фредерик ван Леув, за белгиски локален медиум.

Групата исламисти планирале да извршат напади на полицајци на 15 јануари 2015 година во белгискиот град Вервје. Тогаш во полициска акција биле убиени двајца, а бил приведен еден осомничен.