Економија Можен е прекин на работата во финансии по одлуката да им се...

Можен е прекин на работата во финансии по одлуката да им се скратат 30 отсто од приходите

„Ако не се потпише колективен договор постои опасност во време кога буџетот за 2024 се носи во Собрание, да се прекине работниот процес од страна на вработените во органите на финансии и во самото министерство и да има проблем во спроведувањето на буџетот за догодина“, изјави Деановски

Фото: Уставен суд

Одлуката на Уставниот суд според која од идниот месец во Министерството за финансии и во некои од органите под ова министерство, повеќе да не го добиваат надополнувањето на плата од 30 отсто, предизвика револт кај овие вработени, кои веќе размислуваат за прекин на работата ако не се најде решение. Како што за Телма изјавил првиот човек на УПОЗ, Трпе Деановски, веќе бил испратен допис до министерот Фатмир Бесими, со кој бараат да се потпише колективен договор и за овие вработени како што се случи во УЈП и Царина, кои со помош на тој договор од ваквата одлука на Уставен тие ќе се спасат.

„Ако не се потпише колективен договор постои опасност во време кога буџетот за 2024 се носи во Собрание, да се прекине работниот процес од страна на вработените во органите на финансии и во самото министерство и да има проблем во спроведувањето на буџетот за догодина“, изјави Деановски.

Мета веќе објави дека декемвриската плата на вработените во Министерството за финансии, во Управата за јавни приходи, Царинска управа, Државен девизен инспекторат, Бирото за јавни набавки, Управа за спречување перење пари и финансирање на тероризмот, Управата за финансиска полиција, ќе биде за 30 отсто пониска, откако Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценување на уставноста на членот 66 став 3 и став 4 од Законот за буџети.

Ова значи дека во оваа фаза Уставниот суд изразува сомнеж во уставноста на сегашното посебно правило со кое се исплаќаат 30% како надополнување на основната плата на вработените во Министерството за финансии, во Управата за јавни приходи, Царинска управа, Државен девизен инспекторат, Бирото за јавни набавки, Управа за спречување перење пари и финансирање на тероризмот, Управата за финансиска полиција, наведени во Автентичното толкување на Собранието.

Уставен суд: 30 отсто пониска плата за вработените во финансиските институции