Главна секција МОСТ: До 13 часот, излезноста 20,8 отсто, регистрирани две неправилности

МОСТ: До 13 часот, излезноста 20,8 отсто, регистрирани две неправилности

Фото: Архива на Мета.мк

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, граѓанската организација специјализирана за следење на изборите, до рано попладнево гласањето се одвивало во најдобар ред, без посериозни неправилности.

Само на две гласачки места забележани се изолирани неправилности:

-На ГМ 2805/1 во општина Центар, Скопје, на почетокот од гласањето биле откинати 3 ливчиња заедно со серискиот број од кочанот.
-На ГМ 1385/1 во Прилеп, откако едно гласач гласал било увидено дека не бил запишан во Избирачкиот список, но тој гласал заедно со неговата сопруга која била запишана во Избирачкиот список и која се потпишала во истиот.

Оѕивот на гласачите до 11 часот е 11,2 отсто, до 12 часот е 15,9 отсто, додека до 13 часот е 20,8 отсто, соопшти МОСТ