Македонија Могерини: Одбивањето на Скопје и Тирана е повеќе од промашена шанса, тоа...

Могерини: Одбивањето на Скопје и Тирана е повеќе од промашена шанса, тоа е историска грешка

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ во заминување, Федерика Могерини, оцени дека одложувањето на одлуката на Европскиот совет за отворање пристапни преговори со Македонија и Албанија, не е само пропуштена шанса, туку е историска грешка.

– Тоа е повеќе од пропуштена шанса, тоа е историска грешка што се надевам дека наскоро ќе биде поправена – вели Могерини на својот блог во текстот насловен „Две одлуки, една грешка“.

Таа истакнува дека шефовите на држави и влади ја одложија одлуката за преговори и покрај извонредниот напредок што го постигнаа двете земји и позитивната препорака од Европската комисија.