Македонија Могерини: Не треба да се штедат напори за траен политички компромис

Могерини: Не треба да се штедат напори за траен политички компромис

Високата преставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини, утрово се сретна со вицепремиерот Фатмир Бесими.

„Вицепремиерот ја информираше за актуелните случувања во земјата, вклучително и за политичката криза и за напорите на лидерите на најголемите политички партии да најдат договор што ќе доведе до решение на кризата и би помогнал да се врати довербата во државата и во нејзините институции.

Високата претставничка рече дека Европската унија очекува дека интересот на земјата и на нејзините граѓани ќе се стави над партиските интереси во овие тешки времиња. Не треба да се штеди на напори за да се најде траен политички компромис, изграден на договорот од 2 јуни 2015 година во Скопје. Таа, исто така, ја истакна потребата земјата да продолжи со спроведувањето на реформите, кои се од клучно значење за европската перспектива на земјата“, се вели во соопштението објавено од портпаролката Маја Коцијанчич.