Свет Балкан Могерини: Косово и Србија постигнаа договор за правосудството

Могерини: Косово и Србија постигнаа договор за правосудството

Премиерите на Србија и на Косово денеска ја довршија спогодбата во делот за правосудството, едно од клучните прашања од спроведувањето на бриселскиот договор за нормализирање на односите, соопшти високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

„Двајцата премиери ја довршија спогодбата за правосудството на Косово, затворајќи го клучното поглавје во спроведувањето на бриселскиот договор, што значително ќе го подобри животот на луѓето на теренот“, се наведува во соопштението од Могерини, издадено по состанокот на премиерите Александар Вучиќ и Иса Мустафа.

Состанокот е завршен денеска, во раните утрински часови. Станува збор за продолжување на дијалогот Белград-Приштина, кој беше прекинат 10 месеци, затоа што во тој период и во двете земји се одржуваа избори.