Свет Европа Могерини и Хан на 9 септември ќе ја посетат Турција

Могерини и Хан на 9 септември ќе ја посетат Турција

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европскаа Унија, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на 9 септември ќе ја посетат Турција.

Тема на посетата ќе биде иднината на односите на Европската Унија со Турција, по обидот за пуч, информираше Могерини по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи во Братислава, а пренесе агенцијата ТАСС.

„Турција се согласи да ја продолжи спогодбата со ЕУ за мигрантите и двете страни ќе продолжат да работат на визната либерализација“, додала Могерини, а цитираат британските медиуми.