Свет Свет Могерини: ЕУ ќе ја признае Палестина

Могерини: ЕУ ќе ја признае Палестина

Новоименуваната шефица на дипломатијата на Европска Унија, Фредерика Могерини, истакна дека во рок од пет години ЕУ би можела да ја признае државноста на Палестина.

Могерини, во првото интервју откако ја презеде должноста, наведе дека ЕУ мора да тргне понатаму во својата политика кон Блискиот Исток.

– Ќе бидам среќна ако до крајот на мојот мандат се признае државноста на Палестина. Кризата во тоа подрачје мора да се реши, цели генерации растат заедно со палестинскиот проблем – рече Могерини.

Поранешната министерка за надворешни работи на Италија објави дека во текот на следната недела ќе отпатува на Блискиот Исток, каде ќе ги посети Тел Авив, Ерусалим, Рамала и Газа, а ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Според Могерини, проблемот во тој регион би можел да се реши само со координирана акција на сите засегнати земји, кои досега не делеле заеднички интерес.

– Ќе биде тешко да се гарантира безбедност за земја без граници, но рамковниот договор во тој случај би можел да создаде услови за решавање на израелско-палестинскиот проблем – заклучи Могерини.