Министерството за надворешни работи, во соработка со Амбасадата на САД организираше Конференција „Медиумска писменост и справување со дезинформации – подготвеност на институциите за заштита од хибридните влијанија“. Воведни обраќања имаа државниот секретар Филип Тосевски и Аугуста Филибин од Амбасадата на САД во Скопје. Учество зема и реномираниот американски експерт Енди Карвин, претставник од НАТО Одделот за јавна дипломатија, како и бројни реномирани домашни експерти, претставниците на земјите членки и набљудувачи на САД- Јадранската Повелба
„Беа разменети мислења и најдобри практики за справување со хибридните закани и дезинформациите. Беше нагласено значењето на медиумската писменост како една од алатките која низ образовниот систем придонесува кон изградба на едно општество со граѓани кои се способни критички да размислуваат, да ги анализираат и проценуваат информациите што им се сервираат и на тој начин да ја зајакнат демократската отпорност на општеството кон различни малигни влијанија“, наведено е во соопштението од МНР.
Оттаму информираат дека ќе продолжат со активности за подигање на свесноста за постоењето на опасноста.