Свет Балкан МНР нема податоци за повредени македонски државјани во Истанбул

МНР нема податоци за повредени македонски државјани во Истанбул

Министерството за надворешни работи на Македонија нема информации за повредени македонски државјани во терористичкиот напад на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, во кој загинаа 36, а повредени се 147 лица.

Од МНР велат дека се во постојана комуникација со македонската амбасада во Анкара и со конзулатот во Истанбул, како и со турските власти.

Авионот на турската компанија „Туркиш ерлајнс“, што синоќа полета од Скопје за Истанбул, со задоцнување слетал на аеродромот „Ататурк“, околу половина час пред полноќ. Денешниот утрински лет од Скопје за Истанбул на „Туркиш ерлајнс“ би требало да се реализира со задоцнување, додека вечерниот лет е откажан.