Македонија МНР: Нема наши државјани заболени од корона вирусот

МНР: Нема наши државјани заболени од корона вирусот

Согласно информациите добиени од нашето дипломатско-конзуларно претставништво ДКП во НР Кина, Министерството за надворешни работи информира дека до овој не е пријавен ниту еден случај на наш државјанин заболен со корона вирусот.

„Исто така нема пријавени наши државјани кои се наоѓаат во пошироката зона со рестриктивни мерки за движење накои им е потребна помош. Министерството за надворешни работи исто така информира дека во НР Кина легално престојуваат околу 100 наши државјани. Нашето ДКП е во постојан контакт со нив. Граѓаните за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во Амбасадата во Пекинг на дежурниот телефонски број +86 185 1351 2812 или е-маил beijing@mfa.gov.mk,“ се вели во соопштението на МНР.