Свет Европа ММФ: Брексит би ја зголемил неизвесноста во глобалната економија

ММФ: Брексит би ја зголемил неизвесноста во глобалната економија

Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија би ја зголемило неизвесноста во време на глобална економска слабост, изјави денеска заменик-директорот на Меѓународниот монетарен фонд, Дејвид Липтон.

– Многу е тешко да се предвидат потенцијалните ефекти, но таа неизвесност би преставувала негативен фактор и би настапила во време кога глобалното економско закрепнување е и понатаму бавно и слабо – изјави Липтон на конференцијата за новинари во Пекинг.

Таквата неизвесност, како што додаде тој, не би била корисна.

Граѓаните на Велика Британија на 23 јуни ќе излезат на референдум и ќе се изјаснат за тоа дали би сакале нивната земја да остане или да ја напушти Европската Унија.