Македонија Мицкоски – Гарет: ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во реформите, ама ако се создадат...

Мицкоски – Гарет: ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во реформите, ама ако се создадат услови за тоа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретнал со амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Чарлс Гарет со кого разговарал за стратешките приоритети на државата, актуелната политичка состојба и реформските процеси.

На средбата, како што информираат од партијата, Мицкоски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивен фактор во градењето на политичкиот амбиент за реализација на реформските зафати кои треба да донесат подобрување на квалитетот на животниот стандард и дека таквата конструктивност е базирана на принципиелни и разумни основи.

Мицкоски посочил дека за да се реализира тоа потребен е дијалог со владата и дека самиот процес е двонасочна улица на исполнување на обврски и одговорности.

„Тој истакна дека сериозен проблем преставува политичкиот прогон кој го врши власта и дека тоа е и пречка за придвижување на општествените процеси кои се во застој. Воедно беше посочено дека пратеничката група на партијата нема да учествува во работата на Собранието се додека не се создадат услови за нормално, демократско функционирање на оваа институција“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.