Свет Мирна ноќ во Фергусон

Мирна ноќ во Фергусон

Полицијата ги прогласи протестите за незаконити

Средата вечер мина мирно во Фергусон, по дводневните немири што избија поради одлуката на големата порота да не покрене обвинение против полицаецот Дарен Вилсон, кој со 12 куршуми летоска го уби Афроамериканецот Мајкл Браун. Сепак, демонстрантите во Лос Анџелес, Окланд и во другите градови во САД продолжија да протестираат, блокирајќи ги патиштата и судирајќи се со полицијата.

Полицијата уапси 130 демонстранти, кои маршираа во центарот на Лос Анџелес, откако утврди дека тие претставуваат опасност за сообраќајот. Полицијата ги прогласи протестите за незаконски, а потоа почна да ги апси демонстрантите.

Во Окланд полицијата се судри со демонстрантите и упаси десетици лица, откако искршија неколку излози и со камења и со шишиња фрлаа по припадниците на полицијата.

Демонстрантите во Денвер, Атланта и на други места во САД, трета вечер продолжуваат да протестираат, но демонстрациите минаа мирно.