Забава Миранда Лончар ќе одржи работилница за стенд-ап комедија во Центар-Јадро

Миранда Лончар ќе одржи работилница за стенд-ап комедија во Центар-Јадро

Учесниците ќе научат како да се подготвуваат и изведуваат стенд-ап настапи, целта на работилницата е да им даде на учесниците знаења за стенд-ап комичарите

Фото: КСП Центар-Јадро

Босанката Миранда Лончар, утре во КСП Центар-Јадро ќе одржи работилница за стенд-ап комедија, во периодот од 11 до 17 часот, а истата вечер со почеток во 20 часот ќе ја изведе претставата „Сите ќе умреме“.

Работилницата за стенд-ап комедија е работилница за јавно говорење. Учесниците ќе научат како да се подготвуваат и изведуваат стенд-ап настапи. Целта е да им даде на учесниците знаења за стенд-ап комичарите.

Заинтересираните учесници може да ја добијат препорачаната литература на англиски јазик во „пдф“ формат пред почетокот на работилницата. Исто така, имаат опција претходно да подготват текст и да го испратат до менторката на работилницата, и да дојдат на работилницата со веќе подготвен текст. Учесниците можат да имаат и импровизиран настап со микрофон на сцена, пред публика.

Пријавувањето е на овој линк.