Македонија МИОА и МАСИТ потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на ИТ...

МИОА и МАСИТ потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на ИТ секторот

Со цел да се обезбеди меѓусебна соработка и да се искористат надлежностите и референтните познавања на проблематиката на ИКТ, Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) потпишаа меморандум за соработка.

Тие се обврзаа да ја продлабочат соработката и заедничкото поврзување, со цел подобра имплементација на заедничките активности.

Двете страни со меморандумот ќе се посветат на подобрување на ефикасноста на работата на ИКТ секторот и ИКТ кадрите, забрзување на развојот на ИКТ секторот, развој на ИКТ дејноста, усвојување и воведување на современи технологии и методи на работење од/во ИКТ индустријата и во работењето воопшто.

Меѓу другото, ќе се работи и на подигнување на нивото на дигиталната писменост кај граѓаните преку организирање на обуки, а ќе се организираат и обуки за стручно усовршување на ИТ кадрите.

Со меморандумот страните се обврзуваат дека ќе се осврне внимание и на унпаредување на условите за ефикасна и одржлива конкуренција на пазарот за електронски комуникации, како и унапредување на развојот и поттикнување на инвестиции во јавните
електронски комуникациски мрежи со воведување на нови технологии и услуги, а особено со воведување на следни генерации на јавни електронски комуникациски мрежи.

Една од целите е подобрување и олеснување на процесот на јавни набавки во ИКТ, како и донесување и имплементација на стандарди во областа на ИКТ и заштитата на мрежи и информациски системи.

Мета.мк неодамна направи анализа за родовиот јаз во ИТ секторот.