Македонија Министерството за одбрана објави оглас за прием на 100 професионални војници

Министерството за одбрана објави оглас за прием на 100 професионални војници

Извор: Министерство за одбрана

Министерството за одбрана денеска објави јавен оглас за прием на 100 нови професионални војници во Армијата на РСМ, информираат од ова министерство.

Рокот за пријавување на заинтересираните лица е 15 дена, а критериумите за пријавување на кандидатите се: да се државјани на Република Северна Македонија, да имаат завршено средно образование, да не се постари од 25 години од денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни.

Од Министерството за одбрана соопштуваат дека идните професионални војници ќе земаат почетна плата од над 25.000 денари, со дополнителни над 8.000 денари трошоци за станбено обезбедување по навршување на 4 години служба во Армијата.

Кандидатите за професионални војници пријавата може да ја поднесат по електронски пат заедно со потребните документи на javenoglaspfv@mod.gov.mk и до Одделението за одбрана во местото на живеење, со приложување на потребните документи.

Од Министерството за одбрана напоменуваат дека при вработувањето на новите војници ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, со почитување на критериумите за прием.