Економија Министерството за финансии со аукциите ќе го пополнува годинашниот буџетски дефицит

Министерството за финансии со аукциите ќе го пополнува годинашниот буџетски дефицит

Разликата од она што денеска е повлечено на аукцијата на државни хартии од вредност и она што утре ќе биде вратено во стопанството врз основа на државни хартии од вредност доспеани за враќање, ќе се искористи за финансирање на буџетскиот дефицит, предвиден со буџетот за 2017 година, се вели во реакцијата на Министерството за финанисии на денешното соопштение на СДСМ за задолжувањето.

– Зошто сега се повлекува поголема сума? Ликвидноста на пазарот е особено висока, што придонесе за значително намалување на каматните стапки на државните хартии од вредност. Значи, по пониска цена може да се обезбеди капитал за финансирање на буџетскиот дефицит кој е предвиден со буџетот – се вели во соопштението на Министерство за финансии.