Македонија Министерство за здравство ќе набавува термални камери и опрема за Инфективна клиника

Министерство за здравство ќе набавува термални камери и опрема за Инфективна клиника

Владата на 13. седница ја разгледа и усвои Информација за потребата за набавка на две термални камери, опрема за ЈЗУ Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, и лична заштитна опрема за Министерството за здравство и останатите институции вклучени во активностите во врска со корона вирусот COVID-19, и го задолжи Министерството за здравство да ја спроведе набавката, информираат од Влада.

На денешната седница на предлог на министерот за здравство Владата го задолжи Министерството за образование и наука да изготви план за дистрибуција на алкохолен дезинфициенс со широк спектар на микробиоцидно дејство до основните и средните училишта.

„Владата денеска ја разгледа и ја усвои информацијата за здравствените проблеми кои можат да бидат предизвикани од комарците како пренесувачи на заразни болести и го прифати акцискиот план за нивно контролирање. Владата им препорачува на единиците на локалната самоуправа континуирано и целосно да ги спроведуваат мерките од акцискиот план кои предвидуваат ларвицидна дезинсекција во шест наврати, терестичката дезинсекција на возрасни комарци која треба да се изврши во пет наврати, како и мерката за постојани информирање и едукација на населението во единиците на локалната самоуправа,“ се додава во соопштението.