Економија Министерство за финансии: Ќе се почитуваат законите за исплата на платите во...

Министерство за финансии: Ќе се почитуваат законите за исплата на платите во јавниот сектор

Министерството за финансии реагира на пишувањата во дел од медиумите, во кои се вели дека нема пари за исплата на минимална плата, и истакнува дека во однос на исплатата на платите во јавниот сектор ќе ги почитува законите и прописите.

„Во однос на минималната плата, исплатите се вршат во согласност со законските решенија и со доставените барања од буџетските корисници.Кај дел од институциите веќе се префрлени средства за минимална плата и тие истата ја исплаќаат во согласност со законот. Би сакале да истакнеме дека законите еднакво важат за сите и тие во целост се почитуваат од страна на Министерството за финансии“, се вели во соопштението на министерството.