Македонија Министерот Поповски се сретна со амбасадорот на ЕУ, Жбогар

Министерот Поповски се сретна со амбасадорот на ЕУ, Жбогар

Никола Попоски, заменик-претседател на Владата и министер за надворешни работи на Македонија, се сретнал со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, соопштија денеска од МНР.

На средбата Попоски и Жбогар разговарале за напредокот во евроинтегративниот процес на Република Македонија. Во тој контекст биле истакнати очекувањата за спроведување фер и демократски избори, како основа за интензивирање на реформскиот процес во Македонија на патот кон ЕУ. Се разговарало и за справувањето со мигрантско-бегалската криза и за европската помош во таа насока, што претставува заеднички интерес.

Амбасадорот Жбогар истакнал дека Европската Унија и понатаму ќе продолжи со својата поддршка во процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија.