Економија Минимално зголемување на цените на угостителските услуги во однос на лани

Минимално зголемување на цените на угостителските услуги во однос на лани

Цените на угостителските услуги за периодот јануари-април 2017 година, во однос на истиот период лани, се зголемени за 0,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во април, во споредба со март 2017 година, пак, се зголемени за 0,8 отсто.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 0,1 отсто, безалкохолни пијалаци за 0,7 отсто и ноќевања за 3,1 отсто, додека во групата алкохолни пијалаци има намалување за 0,2 отсто.