Свет Европа Микл-Лајтнер: На бегалците да им се каже дека балканската рута е затворена...

Микл-Лајтнер: На бегалците да им се каже дека балканската рута е затворена засекогаш

Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јохана Микл-Лајтнер, денеска во Брисел рече дека на бегалците што се заглавени на грчко-македонската граница треба да им се соопшти дека нема шанси да ја минат.

– Најчесно е на бегалците да им се каже дека не е можно веќе да се премине преку балканската маршрута. Таа е затворена. Најголем проблем е што кај бегалците и понатаму постојат надеж и очекувања – истакна австриската министерка.

Микл-Лајтнер, исто така, во интервју за германскиот весник „Велт“ истакна дека „засекогаш ќе биде затворена балканската рута преку која мигрантите сакаат да пристигнат до богатите земји“.
– Мојата позиција е јасна: балканската маршрута останува засекогаш затворена – изјави Микл-Лајтнер.

Земјите од балканската рута, Словенија, Хрватска, Србија и Македонија, ги заострија мерките на границите за влез на мигранти. Според новите правила само лица што имаат соодветна документација и што доаѓаат од завојувани региони на Сирија и во Ирак ќе можат да ја минат границата, но во ограничен број.