Свет Европа Меркел и Оланд: ЕУ заеднички да одговори на бегалската криза

Меркел и Оланд: ЕУ заеднички да одговори на бегалската криза

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд повикаа на заеднички одговор на ЕУ на бегалската криза која тие ја нарекоа најлошата која ја погодила Европа по Втората светска војна.

– Мораме да направиме единствен систем за право на азил – рече Оланд истакнувајќи дека приливот на бегалци од кризните зони во светот е исклучителна ситуација која ќе трае извесно време.

Меркел, чија земја очекува рекордни 800.000 барања за азил оваа година, рекла дека Германија и Франција исто така очекуваат од сите членки на ЕУ, што поскоро да се согласат за постојната политка кон бегалците во ЕУ.

Канцеларката ги осуди насилните протести против бегалците кои се случија во градот Хајде во текот на викендот, оценувајќи дека е срамно што десничарските екстремисти добиле широка поддршка од локалните заедници.

– По страшните слики од Хајде и Саксонија, сакам да кажам дека го осудувам насилството кое се случи таму и дека атмосферата на расизам која ја видовме е неприфатлива – додаде Меркел.

Според нејзините зборови, одбивно е да се види како десничарските екстремисти и неонацисти ја изразуваат нивната омраза, но уште по срамно е да се видат германски граѓани како маршираат со нив.