Свет Европа Меркел: Британија да остане партнер на ЕУ

Меркел: Британија да остане партнер на ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека Германија ќе пристапи во преговорите со Велика Британија за излез од ЕУ со сфаќање дека таа земја ќе продолжи да биде партнер на Унијата.

– Ќе ги водиме преговорите во духот на тоа Британија да остане добар партнер. Мораме и да продолжиме да гледаме што ја зајакнува ЕУ, а не да бидеме фокусирани само на излегувањето од ЕУ – рече Меркел.

Британската премиерка Тереза Меј претходно изјави дека Британија ќе излезе од ЕУ без договор доколку не може да постигне задоволувачка спогодба со Брисел.