Свет Мексико: Шест лица убиени во полициска акција

Мексико: Шест лица убиени во полициска акција

Најмалку шест лица се убиени, а седуммина се уапсени при полициската акција за ослободување на двајца заложници во мексиканската сојузна држава Веракруз.

Престрелката во градот Поса Рика се случи кога полицајците пристигнале во куќата во која се наоѓале киднапираните.

Како што јавуваат локаните медиуми, по престрелката, полицијата при претресот на куќата пронашла оружје, справи за мачење, гранати и други предмети што наведуваат на мислење дека во неа престојувале членови на наркокартелот Зетас.