Свет Европа Меј се залага за тешки разговори со земјите кои финансираат тероризам

Меј се залага за тешки разговори со земјите кои финансираат тероризам

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека Лондон треба да одржи „тешки разговори“ со тие што финансираат тероризам и еекстремизам, вклучајќи ги и странските влади и сојузници, доколку е неопходно.

– Тешки разговори се потребни поради целото прашање со финансирањето тероризам и екстремизам. Мора да имаме тешки разговори со сите со кои е потребно да разговараме – рече Меј, одговарајќи на прашање дали е подготвена да се позанимава со странските влади или британските сојузници ако се открие дека поддржуваат екстремистички групи.

Шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, претходно изјави дека Британија мора да соработува со другите земји за да застане на патот на финансирањето тероризам, без разлика дали влади знаат за финансирањето или не.