Свет Европа Меј нема да дозволи во парламентот да се гласа за Брексит

Меј нема да дозволи во парламентот да се гласа за Брексит

Британската премиерка Тереза Меј нема да дозволи во парламентот да се одржи гласање за Брексит пред формалното почнување на постапката за излегување на Велика Британија од Европската Унија.

Како што наведува „Дејли телеграф“, Меј на противниците нема да им пружи шанса да ја блокираат одлуката за излегување. Британската премиерка консултирала правници кои велат дека таа има овластување да го почне процесот на излегување од Унијата без одобрување на парламентот.

Мнозинството од 650 пратеници се залагаат за останување на Велика Британија во Европската Унија.

Резултатот од референдумот не е правно обврзувачки и противниците на Брексит тврдат дека избраните пратеници треба да ја преиспитаат таа одлука пред да почне процесот.

Референдумот беше одржан на 23 јуни, но премиерката Меј нема да го активира членот 50 со кој се иницира излегувањето од ЕУ пред крајот на годината за да има време да подготви излезна стратегија.