Дописници Медот поскап за 40 проценти

Медот поскап за 40 проценти

Македонскиот мед годинава се продава по цени повисоки до 40 отсто. Тегла мед на дводневната средба на пчеарите во Штип се нуди по цена од 350 денари па нагоре. Пчеларите велат дека цената ја крена недостатокот на овој производ на пазарот, но и зголемените цени на останатите производи. Освен тоа, законските прописи налагаат нови начин на производство на мед, што ја зголеми цената.

Пчеларите веќе ги бележат загубите поради климатските промени. Пробиштипскиот пчелар, Бранко Атанасов, во пчеларникот забележал загуби од 20 отсто, во што, како што вели, свое влијание има и загадувањето.

– Има последици уште од некогашното бомбардирање на соседна Србија со осиромашен ураниум, пчелите не се подготвени да го соберат нектарот од растенијата. Од година во година се поголемо е загадувањето и од пестицидите. Нивната неконтролирана употреба, го доведува во прашање опстанокот на пчелните смејства и пчеларството – вели Атанасов.

Здруженијата на пчелари, кои се собраа во Штип, на 10 – тиот Саем на мед, пресметале дека на секој 10. 000 жители има по еден пчелар. Во моментов Македонците консумираат најевтин и најквалитетен мед во балканскиот регион. Во соседна Грција цената е 12, во Србија 8 евра, а во земјава 5 евра.