Македонија Медиумите ќе имаат пристап до првостепените неправосилни пресуди на судските сајтови

Медиумите ќе имаат пристап до првостепените неправосилни пресуди на судските сајтови

Со измените на законот ќе се овозможи јавно да се објавуваат првостепените неправосилни пресуди на веб страницата на судот со посебна мерка

Фото: Архива на Мета.мк

Министерството за правда ја разгледа Иницијативата за измена на членот 9 од Законот за управување со движење на предметите што ја поднесе Судско-медиумскиот совет, информираат од Министерството за правда.

На денешната средба на министерот за правда Кренар Лога со претставниците на Судско-медиумскиот совет, Васко Маглешов, Емилија Шопар и Саније Дураку, договорено е измените да бидат вметнати во Стратегијата за развој на правосудниот систем 2023-2027.

Со измените на законот ќе се овозможи јавно да се објавуваат првостепените неправосилни пресуди на веб страницата на судот со посебна мерка: Пристап на јавноста до првостепените неправосилни пресуди со измени на Законот за управување со движење на предметите во судовите.

Дел од прашањата за кои се дискутираше беше и потребата од транспарентност и отвореност на повисоките судови за јавноста како и наоѓање на соодветно софтверско решение за подобрување на судскиот систем.

Министерството за правда во целост ги поддржува заложбите и активностите кои ќе придонесат кон зголемување на независноста, самостојноста, транспарентноста и интегритетот на правосудниот систем.