Свет Европа Маж со моторна пила нападнал луѓе во Швајцарија

Маж со моторна пила нападнал луѓе во Швајцарија

Најмалку пет лица се повредени, од кои две потешко, откако маж со моторна пила нападна луѓе во северниот швајцарски град Шафхаузен.

Полицијата засега не открива детали за нападот, но локалните медиуми јавуваат дека полициските сили во центарот на градот спроведуваат операции за „специјални ситуации“.

Портпаролот на полицијата во Шафхаузен потврди дека операцијата е во тек, но одби да даде какви било детали, пренесува веб-страницата „Локал“.

Сопственик на продавници од тој дел на градот за швајцарски „Блиц“ изјавил дека маж со моторна пила се шетал по улиците и дека пешаците и жителите од тој дел биле замолени да ги напуштат продавниците и становите.

На социјалните медиуми се појавија слики на кои се гледа како лекари им пружаат помош на повредените.