Македонија Маж фатен со 5 кг хероин вреден 200.000 евра во ранец на...

Маж фатен со 5 кг хероин вреден 200.000 евра во ранец на бул. Босна и Херцеговина

Хероинот соо тежина од околу пет килограми бил спакуван во девет пакувања. Фото: МВР

Полицијата синоќа на булеварот „Босна и Херцеговина“ во Скопје го претресла и потоа го привела А.О. (37) од Гостивар, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Кај него се пронајдени околу пет килограми хероин во вредност од околу 200.000 евра, кои ги носел во ранец. Дрогата била спакуванa во девет пакувања.

Против уапсениот МВР денеска ќе поднесе кривична пријава во надлежното ОЈО Скопје.