Македонија Маски не се носат, за еден ден фатени осум лица што не...

Маски не се носат, за еден ден фатени осум лица што не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација (инфографик)

Фото: Арбнора Мемети

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека во изминатото деноноќие осум лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. Полициски службеници биле во посета на адресите кои овие граѓани ги дале, но не ги пронашле дома и тие ќе бидат соодветно санкционирани. Во изминативе 24 часа, издадени се 435 решенија за изолација и 75 лица потпишале изјави за самоизолација, велат од МВР.

Како и во изминативе денови, низ градовите продолжува и трендот на неносење заштитна маска на лицето. МВР само во последните 24 часа евидентирало 641 прекршоци по овој основ.

Во меѓувреме, во Македонија расте и бројот на новозаболени со корона вирус. Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 120 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број достигна 2.611. Од вирусот досега починаа 147 лица, а активни се 843.

Од МВР појаснуваат дека во периодот од 22 април до 1 мај граѓаните практично беа само опоменувани за обврската за носење заштитни маски, додека пак од 1 мај наваму неносењето заштитни маски прекршочно се санкционира согласно пропишаните казни во Уредбата на Владата на РСМ.